Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: во сообраќајка загина жена и тешко повреден матурант, нападнати сопруга и деца, тепачка на обезбедување во фабрика, нападнат 19 годишник

На патот Прилеп – Битола вчера во попладневните часови, според првичните сознанија, во несреќата учествувале три возила – “фиат дукато“ со прилепски регистарски ознаки, “ауди А8“ со бугарски регистарски ознаки и “фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки. Во незгодата животот го загуби сопатничка во возилото “фиат добло“, на возраст од 36 години, а сопатникот во возилото “ауди А8“, на возраст од 19 години, матурант од Битола, најпрвин бил хоспитализиран на одделението за интензивна нега во болницата во Битола, а потоа поради сериозноста на повредите е префрлен на Клиничкиот центар во Скопје, соопштија од ОЈО.

На 21.07.2020 во СВР- Битола, 46-годишна битолчанка пријави дека на 20.07.2020 во семејниот дом, додека била со трите малолетни деца, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг, кој бил во алкохолизирана состојба. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.07.2020 во канцеларија на обезбедување, лоцирана во фабрика во Битола, настанала физичка пресметка помеѓу двајца 39 годишници од Битола. Се работи на расчистување на случајот.

На 21.07.2020 во СВР Битола, 19 годишник од Битола пријави дека на 20.07.2020 околу 22.30 часот, кај фонтаната на ул. “Партизанска“, бил физички нападнат од непознато малолетно лице. Се работи на расчистување на случајот.