Press "Enter" to skip to content

Д-р Синиша Трпчевски од Битола прв македонски гинеколог, кој работи роботска хирургија (фото)

Уште еден огромен меѓународен успех, на кој менаџментот на болницата “Плодност“ од Битола е особено горд. Д-р Синиша Трпчевски го доби сертификатот за завршена и положена специјализација по гинекологија и акушерство во Виена, Австрија и воедно е првиот Македонец гинеколог, кој работи роботска хирургија.

За време на неговото 5 годишно искуство во рамките на специјалистичкиот стаж (за разлика од времетраењето на специјализациите кај нас), тој направи многубројни лапароскопски операции, класични операции на карциноми на гениталните органи и изведува роботски операции.Д-р Синиша Трпчевски е дел од онколошкиот тим во најголемата болница во градот Велс (северна Австрија), четврта по големина во цела земја. Поради фреквентноста на породувањата во болницата, околу 3.500 породувања на годишно ниво, се стекна со огромно искуство во оваа област, а во Болница „Плодност“ – Битола има направено неколку лапароскопски операции со вадење на лимфни жлезди. Во моментов е ангажиран во одделот за роботска хирургија, каде што досега направил над 50 роботски операции.-Во Австрија сакам да останам уште најмалку 5 години, за да го усовршам занаетот, а потоа ќе се вратам во Битола, во болницта “Плодност“ со цел да воведеме некои оперативни методи, кои не се работат во Македонија. Во меѓувреме, јас почесто ќе доаѓам во мојата молница “Плодност“ за одредени потешки операции. Ако се создадат услови, и во “Плодност“ ќе проработи робот, операциите ќе можам да ги извршувам со телемедицина од Австрија – тоа е концептот на современата медицина, рече д-р спец. асс. Синиша Трпчевски.

Менаџерскиот тим на Болница “Плодност“ му посака на  д-р спец. асс. Синиша Трпчевски што поскоро враќање во матичната болница во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »