Во СВР Битола, 84 жена од Битола пријавила дека околу 17,30 во семејната куќа, додека седела со сопругот, нивниот син физички ги нападнал двајцата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против 34 годишна битолчанка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17.07.2020, при контрола од полициски службеници, пријавената не била затекната во својот дом, иако претходно имала решение за изолација од 15.07. до 28.07.2020 година, со што постапила спротивно на здравствените протоколи за спречување од ширење на заразна болест и заштита на населението.






