Синоќа во Пациото на Заводот и Музеј во Битола, со почитување на сите мерки за заштите и според протоколите за одржување на вакви настани се одбележаа 60 години од основањето на Македонско научно друштво од Битола, на кое присустуваа покрај актуелното раководство и членовите на МНД, претставници на МАНУ, градоначалничката на Битола – Наташа Петровска, претседателот на Советот – Валентин Груевски, поранешни претседатели на МНД, помагатели на друштвото и други.
Собирот го отвори проф. д-р Марјан Танушевски, актуелен претседател на МНД Битола кој присутните ги потсети на 25 април 1960 година, кога во тогашниот Околиски Архив, беше формирано ДНУ-Битола, а зборуваше и за големиот јубилеј на Македонско научно друштво-Битола, кој се прослави, 60 години од основањето.
-МНД-Битола стана повидлива организација во заедницата, не претендира да биде фактор, но е значаен Форум каде се иницираат идеи. Ние ја интезивиравме соработката со МАНУ, се возобнови традицијата за зачленување на академици од МАНУ во нашето Друштво, а тимот содржан во органите и телата на МНД-Битола покажа ентузијазам, инвентивност. Најголем дел од членовите го вложија своето слободно време за реализација на мисијата на Друштво, рече Танушевски, кој ја промовира и “кристалната коцка“ која е симбол на овој јубилеј.
Танушевски “кристални коцки“ им додели на градоначалничката на Битола – Наташа Петровска, на Владо Камбовски од МАНУ, Игор Неделковски од УКЛО, Валентин Груевски од Советот на Општина Битола и Мики Андријашевиќ почесен конзул на Црна Гора во Битола.
Посебно признание м-р Јован Д. Кочанковски, единствениот жив сведок од групата битолски интелектуалци, иницијатори за формирање на Друштвото, кој за пред 60 години на присутните им пренесе:
-Јас во тоа време бев наставни по историја и со неколкумина прво се интересиравме за историјата на Битола, а иницијативата за формирање на ова друштво беше на браќата Милош и Душко Констатинови, која ние ја прифативме и заедно со нив ја реализиравме, а ете и до ден денешен опстојува.
Владо Камбовски, честитајќи им го јубилето им порача на членовите дека науката е таа која бара решенија за секој проблем, па така и денес кога има пандемија, решенијата не се бараат од политичарите, туку од научниците, а МНД Битола се движи во тој правец.
Градоначалнилката Петровска рече дека и е мило што е градоначалник во време кога една значајна институција, како МНД Битола, прославува вака голем јубилеј, а Игор Неделковски од УКЛО рече дека не е случајно што во просториите каде е формирана МНД Битола подоцна е формиран и Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола.
Почесниот конзул на Црна Гора во Битола, Мики Андријашвиќ, примајки го признанието рече дека за науката нема граници, а МНД Битола има голем број на меѓународни активносто, а тој и останатати помагатели ќе продолжет и во иднина да го прават тоа, со МНД да се промовира и Битола.
Посебни признанија добија и помагателите на МНД Битола, пред се јавните претријатија од Битола, “Водовод“ и “Комуналец“.
Невладини организации, компании од градот, сите поранешни претседатели на МНД, активните членови, новинарските куќи кои помогнале во промоцијата на МНД Битола.
По повод големиот јубилеј МНД Битола издаде и монографија која ќе биде промовирана на 29 јули.
Текст и фото: Сашо Ристевски

Одбележани 60 години Македонско научно друштво од Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Шведскиот амбасадор на пица кај “Шведскиот“ на Широк Сокак во Битола (фото)
- СВР Битола со низа активности по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција и промоција на полициски велосипеди
- ЈКП “Водовод“ Битола: денес прекин во водоснабдувањето на “Лавчански пат“
- Пораз од МЗТ во првиот полуфинален натпревар, в недела втор натпревар во Битола (фотогалерија)
- Битола има потенцијал за зелени работни места (фотогалерија)





