Press "Enter" to skip to content

Се доасфалтира стариот пат Битола – Кажани (фото)

Во должина над 2 километри, со вкупна вредност во износ од 13.000.000 денари, се асфалтира дел од патот Битола – Кажани.Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска денес изврши увид на патниот правец, каде градежните активности се во тек, а зеаедно со  директорот на ЈП “Водовод“, Горан Козаров, разговараа со претставниците од месното население во врска со нивните потреби поврзани со решавање на инфраструктурните проблеми со кои се соочуваа во досегашниот период.Проектот со кој се врши асфалтирање на регионалниот пат Битола – Кажани е финансиран од Јавното претпријатие за државни патишта, како дел од нивната програма, а градежните работи на терен ги изведува ЈП „Македонија пат“.

More from ВестиMore posts in Вести »