На скоро една седмица од почетокот на подготовките за новата сезона, тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, е во Битолаи и ги пречекува странските засилувања кои оваа година ќе ги бранат боите на клубот.
Први кои пристигнаа во најракометниот град во Битола се новите ракометари на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ и Матео Мараш, кои по доаѓањето во Битола веднаш се зафатоја со тренинзи, за што поподготвени да стартуваат со остантиот дел од тимот.
Тие го одработија и првиот тренинг, се разбира на отворено, на помошниот терен под Тумбекафе, согласно протоколите, индивидуален тренинг.
Инаку, од 27. овојјули Еурофарм Пелистер ги започнува подготовките прво во Битола, а потоа продолжуваат во Маврово, а за крај на подготовките на турнирите во Струга и Атина, Грција.






