Денес од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме.
Денес, сабота 25 јули, во Битола времето, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер кој во западните делови ќе засилува. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. УВ=8. Температурите во Битола до 30°С.
Утре, недела, 26 јули, времето во Битола ќе биде нестабилно, а од понеделник времето ќе биде претежно сончево со побрз пораст на температурите и особено топло време на средината на работната недела.






