Press "Enter" to skip to content

Донација на таблети за следење на наставата од далечина за учениците Роми од Битола

Акцијата за доделување на користење на таблети на 30 најзагрозени деца од ромската етничка заедница кои се вклучени во основното образование, е дел од проектот “Подобрување на средината за учење на учениците во основно образование“, финансиски е поддржан преку ургентниот фонд на Ромскиот образовен фонд.Децата се идентификувани од страна партнерската организација “Сумнал“ здружението за развој на ромската заедница од Битола и ромските образовни медијатори Денис Арслановски и Сонита Фејзовска, а акција е дел од проектот “Подобрување на средината за учење на учениците во основно образование“ кој е финансиски поддржан преку ургентниот фонд на Ромскиот Образовен Фонд.Градоначалничката на општина Битола м-р Наташа Петровска по тој повод оствари средба со директорот на Ромскиот образовен фонд Реџепали Чупи, Ферди Исмаили директорот на Асоцијација за демократски развој на Ромите „Сонце“ – Тетово и м-р Фатма Бајрам Аземовска- претседател на „Сумнал“ здружение за развој на Ромската организација – Битола, при што ја запознаа градоначалничката со проектите и приоритите на РЕФ како и за донацијата.-Бордот на Ромскиот образовен фонд во март донесе одлука за формирање ургентен фонд, кој што е на располагање на 16 држави, со цел да се помогнат учениците и образовните системи што е можно поуспешно да се справат со пандемијата. Во првата фаза која се имплементира од јуни до август, се доделува техничка опрема преку таблети и интернет. Целта е да им се овозможи на учениците дополнителна настава, која ќе ги пополни празнините кои се појавија во текот на реализацијата на онлајн наставата и да се поддржат родителите да ги запишат нивните деца во повисок степен на образование. Генералната цел е да превенираме да не се откажат учениците кои во образовниот процес беа на различен начин поддржани од нашата фондација, имајќи ја во предвид ситуацијата со која се соочуваме, потенцираше директорот на Ромскиот образовен фонд Реџепали Чупи.На средбата беше разговарано и за актуелната состојба во општината со пандемијата Ковид 19, положбата на Ромите, можностите за искористување на фондови со цел изготвување на проекти и програми кои ќе помогнат за поефективно решавање на прашањата поврзани со ромското население во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »