Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и многу топло, температурата околу 35°С.

Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло. Максималните температури насекаде ќе бидат над 35 степени. Во сабота ќе има зголемена облачност и ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето.

Времето денес, четврток, 30 јули, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидтометеоролошки работи, во Битола ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. УВ=9. Температурата околу 35°С.

И за утре, петок, 31 јули, прогнозата за времето во Битола е иста на денешната, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и североисточен превец. УВ=8. Температури до 32°С.

More from ВестиMore posts in Вести »