Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: вчера две тешки сообраќајки, едно лице на 26 години го загуби животот возејќи електричен тротинет

Тешка сообраќајка во која млад битолчанец го загуби животот се случила вчера во 13.49 часот на крстосницата од ул. „8 Септември“ и ул. „Арон Ароести“ во Битола. Во несреќата, информира МВР, учествувале патничко возило „фолксваген туран“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 21 годишен жител  од Битола и електричен тротинет управуван од 26 годишник од Битола.  По незгодата лицето кое го управувало  електричниот тротинет било пренесено во Клиничка болница Битола, каде им подлегнал на повредите, стои во билтенот на МВР. Увид е извршен од увидна екипа на СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

На 29.07.2020 во 23.50 часот се случила сообраќајна незгода на регионалниот пат Новаци-Битола, кај село Логоварди, битолско, во која  59 годишен жител од општина Новаци, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Тој е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата изврши увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »