Денес според информациите на министертсвото за здравство во Битола се регистрирани 8 ново заболени пациенти, а има и четворица оздравени пациенти од Битола.
Во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 35, Куманово 15, Штип 17, Прилеп 3, Тетово 4, Струга 3, Велес 3, Битола 8, Охрид 3, Кавадарци 2, Гостивар 8, Крива Паланка 1, Кочани 1, Демир Хисар 5, Берово 1, Свети Николе 1, Кичево 8 и Ресен 1.
Починати се 4 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти од кои во Битола 4.
Досега во земјата се направени вкупно 100940 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.617, бројката на оздравени пациенти е 6.020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.117.






