Под влијание на многу топла воздушна маса и денес времето ќе биде сончево и многу топло. Максималните температути насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.
Во Битола, денес, петок, 31 јули, времето според прогнозите на мереоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен превец. Во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност. УВ=9. Температурата во Битола до 34°С.
Утре, сабота, 1 август, времето во Битола, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Можна е зголемена облачност и развој на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. УВ=8. Температурата во Битола до 31°С.






