Денес ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен северен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од утре, недела, ќе настапи повторно стабилизирање на времето, а дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 6 степени во однос на денешните.
Денес, сабота, 1 август, во Битола, времето, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, северен ветер. Локално можно е нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8. Температурата во Битола до 29°С.
За недела, 2 август, за Битола, прогнозата е дека ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец со пониски температури во однос на денешните. УВ=8.






