Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: маж со прострелна рана донесен во Клиничка болница – Битола

На 07.08.2020 во 21,30 часот С.Н. (61) од Могила му се јавил на З.К. (47) од истото село кој во тој момент бил заедно со Д.А. (37) во возило  на пат кон  Прилеп, и  побарал од него бидејќи се повредил да дојде во неговиот дом и да го однесе на лекар во Битола.  

Во Клиничката болница  Битола на лицето С.Н од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди-  прострелна рана.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »