Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола, седум новозаболени, шест оздравени од ковид-19

Денес во Битола, според информации на министерството за здравство објавени на нивната “фесј бук“ страница во има седум новозаболени лица, а регистрирани се и шест оздравени пациенти. 

Во последните 24 часа се направени 1.828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 65, Куманово 14, Дебар 6, Штип 21, Прилеп 3, Тетово 12, Струга 5, Велес 12, Битола 7, Охрид 4, Кавадарци 7, Гостивар 14, Струмица 1, Крива Паланка 1,  Радовиш 4, Кочани 5, Пробиштип 3, Демир Хисар 2, Македонски Брод 4, Свети Николе 3,  Кичево 6 и Неготино 1.

Починати се 4 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 оздравени пациенти од: Велес 2, Битола 6, Демир Хисар 1, Македонски Брод 1, Кичево 3 и Ресен 2.
Досега во земјата се направени вкупно 113.619 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.754, бројката на оздравени пациенти е 7.622, на починати е 523, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.609.
More from ВестиMore posts in Вести »