Денес во спортската сала на средното медицинско училиште, кое о одбојкарска база на одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола, започна проектот на Одбојкарската федерација на Македонија во категоријата У-19 за Европското Првенство на кое домаќин е Македонија.
Битола од денес попладне е на мапата како еден од четирите пунктови на селекторот Ненад Михајлович каде ќе се одржи вториот дел од селективните тренинзи за избор на новите репрезентативки.
Веднаш по Скопје и Битола, селекцијата продолжува во Штип и завршува во Струмица, а потоа 22-24 одбојкарки продолжуваат во Крушево.
По 5 месечна пауза на најубав можен начин се рестартира одбојката во Битола.
[ngg src=”galleries” ids=”572″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






