Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Душко Јанкуловски

Во Битола на 70 годишна возраст почина Душко Јанкуловски, на кој битолчани ќе се сеќаваат како долгогодишен младински активист од времето на социјализмот, финанскиски раководител во “Фустеларко борец“, но како стечаен управник на поранешната штедилница “ТАТ“ од Битола.

Јанкуловски важеше како голем финансиски стручњак во Битола, а минатата години заедно со неколкумина активисти го возобнови младинското ангажирање, кое заврши со смотрата која се одржа во дворот на студенсткиот дом “Кочо Рацин“ во Битола, а беше  првиот командант на работната акција “Стрежево 79“. 

Во својата животна кариера извршувал повеќе општествено политички функции, бил заменик командант на младинската работна акција “Мариово“ и прв командант на сојузната младинска акција “Стрежево 79“ и прв директор на младинскиот рекреативен центар во село Нижеполе.

До крајот на својот работен век извршуваше повеќе функции од финансиски сектор, беше стечаен управик на голем број на компании од Битола. 

Јанкуловски беше еден од оснивачите и прв претседател на здружението за доброволно младински ангажирањa “Волонтери Пелистер Битола“.

More from ВестиMore posts in Вести »