Press "Enter" to skip to content

Пелистер се враќа во Битола со бод од Кратово

Силекс – Пелистер 2:2 (1:1)

Нерешено 2:2 заврши првиот натпревар од второто коло во новата сезона во ПМФЛ, во Кратово, каде Силекс ретко губи бодови.

Дуелот во Кратово почна во знакот на фудбалерите од Битола, а уште во 6. минута Пелистер поведе со 0:1 со голот на Фазлиу, кој  прими топка во казнениот простор, па шутираше низ нозете на Тимовски за водство. Силекс изедначи во 43. минута, кога Мустафов погоди за 1:1.

Во второто полувреме резултатски пресврт имаше во 57. минута со голот на Ивановски за 2:1 за Силекс. На петнаесет минути пред крајот, во 75. минута, Танушев избеде слободен удар, а по лошата проценка на домашниот голман резултато беше изедначен 2:2.

По двете кола Пелистер и Силекс се на првите две позиции со по 4 бода.

More from СпортMore posts in Спорт »