Денес, сабота 15 август, времето во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде претпладне променливо облачно. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (понекаде и над 10 литри за 3 часа), со засилен ветер и со појава на град. УВ=7. Температурата до 31°С.
Утре, недела, 16 август, времето во Битола ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. УВ=7. Температурата до 31°С.






