Press "Enter" to skip to content

Стартува и женскиот фудбал, Топ Гол во Битола го пречекува Љуботен

Овој викенд стартува првата фудбалска лига за жени со претходно утвреден протокол за натпреварување како по примерот на првата машка фудбалска лига. Екипата на Топ гол од Битола, во воведното коло како домаќин ја пречекува екипата на Љуботен, а натпреварот ќе се одигра на фудбалското игралиште “Павел Шатев“ или попознато како “Ќумурното“ во Битола, без публика.-По пауза скоро од шест месеци повторно се враќаме на фудбалските терени, а олеснителна околност е тоа што сме домаќини во првото коло во Битола. Подготовките ги започнавме крајно внимателни и предпазливи внимавајки прво на заштитата од вирусот второ поради голема пауза внимававме и на превенцијата од повреди. Уште не сме стигнати во посакуваната форма, и во овој период ќе мора да го зголемиме интензитетот на работа, вели Кире Грбевски, тренер на Топ Гол, кој а играчкиот кадар кој ќе го има ова сезона на располагање додава:

-Што се однесува на играчкиот кадар и оваа сезона ја продолжуваме соработката со сите фудбалерки од минатата сезона. Доведовме засилување на голманската позиција со младата репрезентативка Марија Ничовска, и ја вративме искусната Билјана Китанова со која ќе ја зацврстиме одбраната. Како наша стратегија и оваа година неколку младинки ги префрливме во првиот тим кои ќе добиваат шанса во првиот тим. Првенството е долго со 30 кола и секоја фудбалерка ми е потребна во тимот.-Амбициите за оваа сезноа е најпрво да останиме во Првата лига зошто од следната сезона ќе има испаѓање па ќе мора да бркаме висок пласман.Имаме квалитени поединци кои ќе мора да се вклопат во тиската работа и да работиме со посилно темпо, конкретен е Кире Грбевски.

More from СпортMore posts in Спорт »