Денес во Битола се регистрирани 4 новоболени лица од ковод-19, а оздравени се 7 лица, според официјални податоци од Министерството за здравство.
Инаку, во последните 24 часа се направени 2.006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19.
Починати се четири пациенти, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздравени пациенти од кои во Битола 7.
Досега во земјата се направени вкупно 125.128 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.653, бројката на оздравени пациенти е 9.123, на починати е 539, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.991.






