Еурофарм Пелистер – Струга 28:16 (16:9)
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 22:26 (9:12)
Екипата на Еурофарм Пелистер ја победи екипата на Струга, домаќин на 48. меѓународниот ракометен турнир со резултат 28:16, полувреме 16:9. Разликата во корист на екипата од Битола во квалитетот беше голема, а Струга беше рамнопаравен проривник само десетина минути, кога беше 5:4. Потоа беше 12:7, а на полувреме ракометарите од Битола заминаа со +7. Во второто полувреме за брзо беше +9 (22:13), а потоа Еурофарм Пелистер од Битола, константно водеше со седум до осум гола, за на рај да биде +12.
Еурофарм Пелистер 2 е поразен од екипата на Охрид, а во текот на целиот натпреавар екипата на Охрид ја имаа предноста над екипата на Јовиќ. На полувреме беше -3 (9:12), а потоа следуваше израмнување 15:15 но малку за пресврт во корист на екипата од Битола.
Утре во 21,15 часот во финале на Струшкиот турнир ќе играат Еурофарм Пелистер и Вардар, а Еурофарм Пелистер 2, пак, ќе игра за седмото место против Струга во 10 часот.
Фото: меѓународниот ракометарн турнир






