Во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во среда на повеќе места да биде нестабилно, а локално процесите да бидат и поинтензивни. Постабилно и нешто потопло време се очекува кон крајот на наредната седмица.
Денес, понеделник, 17 авгсут, во Битола, според прогнозите не метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне можна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7. Температурата во Битола до 29°С.
Утре, вторник, 18 август, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7. Температурата во Битола до 30°С.






