Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го најде “лекот“, по 10 години победи на Струшкиот турнир (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Вардар 26:23

Од Струга: Сашо Ристевски

Еурофарм Пелистер од Битола е победник на 49. меѓународен ракометен турнир во Струга, по убедливата победа над екипата на Вардар, актуелниот шампион на Европа и ја освои 12 титула на овој турнир. Пехарот дојде во Битола по “постот“ кој битолчани го има од  2011 година. Ракометарите од Битола одиграа храбро и му покажаа заби на досега не прикосновениот Вардар, а тактиката на Жељко Бабиќ, преку одлична бековската линија во клучните моменти ја донесе победата, како и големиот придонес на сите кои беа на теренот во Женска плажа во Струга.Првите минути од финалето во Струга беа изедначени од Вардар дојде до 3:2, а по одбраните на Ристовски, Вардар поведе со 7:4,но ракометарите од Битола се вратија во натпреварот и дојдоа само  на -1 (7:8). Потоа следуваше рамноправна игра за крајот на првото полувреме да биде  13:13.Второто полувреме започна во знак на Еурофарм Пелистер  кој на поведе со 16:15, а потоа зелено-белите стигнаа до +3 (18:15). Еурофарм Пелистер поведе и со четири гола (21:17), па нервозата кај Вардар беше немоновна, а од друга страна ракометарите на Еурофарм Пелистер добија самодоверба и беа активни насекаде, во одбраната и нападот, но и на клупата која ги бодреше оние кои беа на терен.На десет минути пред крајот беа високи +5 (18:23) за ракометарите од Битола, по што победникот беше познат. “Вардарци“ немаа сили да го стигнат, а по тактичкито надмудрување на Бабиќ, победата беше со +3 (26:23). Победата беше за тимот од Битола, кој дојде до 12. пехар на турнирот во Струга.Последната минута донесе и една несакана сцена во која имаше краток прекин. Црвени картони добија Талески и Стоилов во Вардар, а Кушан во Еурофарм Пелистер.Најефикасен во Еурофарм Пелистер беше Кушан со седум постигнати гола.

[ngg src=”galleries” ids=”576″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”40″ order_by=”alttext”]

More from СпортMore posts in Спорт »