Press "Enter" to skip to content

Мандалиниќ за тимот, Еурофарм Пелистер за “Чкембари“ – Битола, сите за Ѓукиќ (фото)

Спортистите со своето однесување во теренот и надвор од него секогаш се пример за сите, а големите спортисти тоа го докажуваа секогаш, а во ова се најдоа и ракометарите од Битола. Три работи кои се случија по завршувањето на Струшкиот турнир уште еднаш го потврдија тоа.Прво по доделувањето на пехарот за најдобар ракометера (МВП) на турнирот, Стипе Мандалиниќ отиде кај своите соиграчи од Битола, и им се заблагодари ним, за соработката за заедничката борба во финалето и им го посвети пехарот и ним.Потоа по доделувањет на пехарот за најдорба екипа Еурофарм Пелистер од Битола, пехарот го однесе кај навивачката група “Чкембари“ – Битола, кои цело време навиваа надвор од игралиштето, зад голот на кошаркарското игралиште, а да им се посвети ним пехарот беше вистинска одлука.Но, на крај сите ракометарите и управата го кренаа на раце Милан Ѓукиќ, на кој со победата во Струга му и честитаа роденденот.

More from СпортMore posts in Спорт »