Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 52 годишник од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“.
На 15.08.2020 во село Крани, пријавениот, заедно со друго лице од Битола, билe забележани од полициски службеник од Полициската станица Ресен, како ја прескокнуваат оградата за да излезат од црквата “Св. Богородица“ во село Крани.
Полицискиот службеник се обидел да ги сопре, но второтолице побегнало кон возилото со кое биле дојдени, а лицето од Битола, на кое му е поднесена кривичната пријава, со штрафцигер го нападнал, но полицискиот службеник успеал да го совлада пријавениот.






