Денес во Битола бележиме 5 оздравени лица, а нема новозаболени лица од ковид-19, а според информации на Министерстото за здравство објавени на нивната “фејс бук“ страница.
Во последните 24 часа се направени 1.902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19.
Починати се двајца пациенти, a денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти од кои од Битола се 5.
Досега во земјата се направени вкупно 130.840 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.076, бројката на оздравени пациенти е 9.625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.900.






