Press "Enter" to skip to content

Уште еден Американец засилување за КК Пелистер, Чез Вилијамс ќе игра во Битола

Кошаркарскиот клуб Пелистер договори уште еден Американец, да ги брани “зелено-белите“ бои, а тоа е Чез Вилијамс, кошаркар кој од 2014 година игра низ Европа, кој е висок 175 сантиметри.

Американецот Чез Вилијамс потпиша договор со битолскиот прволигаш, а во Битола, 29-годишниот бек доаѓа од исландскиот шампионат, каде го носеше дресот на Нјаровик до прекинот на сезонара, поради корона кризата.

Вилијакс претхорно настапуваше во Финска, Полска и Швајцарија, а неговото искуство ќе биде драгоцено во тимот на лигашот од Битола.

Пелистер претходно се засили со Стајиќ и Трајковски, Кесар, Џалил Абдул Басит и Џастин Мартин.

В понеделник новиот тренер Илиевски ќе ги започне подготовките за новата сезона, а планирано е  подготовките за новата сезона да бидат и во босанскиот град Требиње на мини-камп.

More from СпортMore posts in Спорт »