Денес во Скопје се одржа националното првенство за младинци на кој настапија и тројца млади атлетичари од Битола, од атлетскиот клуб Олимп.
Под водство на тренерот на АК Олимп од Битола, Демир Даутовски, тројцата освоија пласмани со кои се искачија на победничките пиедистали, а најдобар пласман имаше Христијан Котевски од Битола, кој трчаше на 400 метри и го освои првото место со извонреден резултат од 56.44.
И двајцата други атлетичари од Битола имаа извинреден пласман. Јана Стефановска трчаше на 100 метри го освои второто место во нејзината група со резултат 15.06, додека пак Наталија Чона настапи на 400 метри и успеа да го освои третото место со резултат 1:12.59.






