Press "Enter" to skip to content

Продолжува позитивниот тренд во Битола, денес еден новозаболен, четворица оздравени од ковид-19

Продолжува позитивниот тренд во Битола во врска со ковид-19, бројот на заболени и бројот на оздравени пациенти. Денес во Битола бележиме само еден новозаболен од ковид-19 и четворица оздравени.

Инаку, во последните 24 часа се направени 1.733 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19, а налгоме број на новозаболени има во Скопје 32, Куманово 25, Гостивар 22 и Струга 15, а следуваат Тетово и Берово со 9, Штип со 8, Прилеп 7…

Починати се 6 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од кои 4 во Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 136.051 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.458, бројката на оздравени пациенти е 10.052, на починати е 563, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.843.

More from ВестиMore posts in Вести »