Press "Enter" to skip to content

Во Битола седум новозаболени лица од ковид-19, од 3 месеци до 73 години, оздравени двајца пациенти

Денес во Битола има седум новозаболени лица од ковид-19, според информациите на министерството за здравство, објавени на нивната официјална “фејс бук“ страница. Денес бележиме и двајца оздравени пациенти.

Заболените лица се на возраст од 3 месеци до 73 години, две лица даваат податок за контакт со позитивно лице, две лица се детектирани при скрининг при влез во клиника во Скопје, истите се асимптоматски за COVID-19, а три лица не даваат податок за контакт со позитивно лице.

Инаку, во последните 24 часа се направени 1.414 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19.

Во болнички услови почина 63 годишен пациент од Дебар,а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти од кои двајца во Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 137.465 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.595, бројката на оздравени пациенти е 10.110, на починати е 564, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.921.

More from ВестиMore posts in Вести »