Пелистер – Работнички 0:0
Стадион под “Тумбе Кафе“ во Битола.
Играно без гледачи: Судија: Мечкаровски од Скопје).
Ж. Картони: Б. Илиевски, Борха кај Пелистер, Стојков, Петковски, Ѓурѓевиќ кај Работнички
Пелистер: Талески, Б. Илиевски, Танушев (од 90. Поповски), Спиркоски, Маневски, Кордоба, Драгарски, Николовски, Фазлиу (од 75. Бошковски), Пејаковиќ (од 79. Стојановски), Д. Илиески.
Работнички: Јанков, Зука, Ѓорѓевиќ, Петковски (од 62, Чумиќ), Ѓурѓевиќ (од 75. Станковски), Тодоровски (од 57. Муарем), Силјановски, Стојков (од 75. Тошевски), Стојкоски (од 62. Шаркоски), Јевтоски, Трајковиќ.
Во третото коло од Првата фудбалска лига Пелистер како домаќин во Битола,а на стадионот под Тумбекафе, одигра нерешено, без голови против Работнички, со пропуштена шанса бодовите да останат во Битола.
Во Битола на првото вистинско возбудување се чекаше до 22. минута, кога Танушев од полулево испрати силен удар кон противничкиот гол, но гостинскиот голман со крајни си го спаси голот. Во првото полувреме на двапати реагираа “пелистерци“ поради недосуден пенал, најпрво Маневски падна во казнениот простор, а потоа судијата процени дена Зука не играл со рака.
Вториот дел започна со големо промашување на Фазлиу, по одлишното додавање на Танушев до Фазлиу, кој можеше да бира каде ќе шутира, но го промаши целиот гол на Работнички. На Пелистер му недостигаше реализација, па поделбата на бодовите е најреална.
Во следното коло Пелистер гостува на екипата на Шкупи.
[ngg src=”galleries” ids=”580″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






