Press "Enter" to skip to content

Златко Гецовски од Пелистер 15 Мај од Битола второпласиран во друмски велосипедизам (фото)

Викендов во организација на Велисипедската федерарација на Македонија и велосипедскиот клуб од Велес, се одржа државно друмско во организација на кое настапија и пет возачи од Битола.Возачите на Пелистер 15 Мај од Битола во три категории, а со медал во Битола се врати најискусниот Златко Гецовски, кој беше второпласиран во кагегорија мастерс, а возеше 90 километри.-На трката поради протоколите за заштита од ковид-19, не се појавија младите категории, па така кадетите возеа 60 километри, сениорите возеа 120 километри и мастерсите возеа  90 километри. Во сениори настапивме со двајца возачи Мартин Јовановски и Виктор Недановски кој за прв пат учествуваат на ваква трка и истата ја извозија заедно со групата. Во кадети настапивме со Андреј Лешнаров кој не беше во првите тројца, но сепак беше во групата што освоија бодови, вели Африм Јусуфи, тренер на Пелистер 15 Мај.Наредна трка е на 13 септември кога во Битола ќе се одржи државно ридско првенство, каде ќе настапат сите категории и ќе се вози од Битола до ски-центарот “Стрежево“ кај Нижеполе.

More from СпортMore posts in Спорт »