Денес во Битола е регистрирано едно новозаболено лице од ковид-19, лице на возраст од 35 години, не дава податок за контакт со позитивно лице.
Бројот на хоспитализирани пациенти во Клиничката болница, на Инфективното одделение е 14. Во Битола има вкупно 55 активни случаи.
Во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19.
Во последните 24 часа починати се четири лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 138.325 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.673, бројката на оздравени пациенти е 10.150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.995.






