Денес, вторник, 25 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7. Температурата до 31°С.
Утре, среда, 26 август, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. УВ=8.Температурата до 32°С.
Од утре следува период во кој ќе преовладува сончево и топло време со повремена умерена облачност и со пораст на температурата.






