На огромно задоволство на стручниот штаб на Фудбалскиот клуб Топ гол од Битола, вчера се одржа еднодневна фудбалска работилница на која свое излагање имаше нашиот успешен тренер Марјан Секуловски.
На интерната работилница, на која присуствуваа само тренерите на Топ гол, Мане Секуловски од Битола, имаше презентација на тема “Анализа на противник“, на која покрај својата стручност го сподели и своето тренерско искуство.
Марјан Секуловски веќе нецела деценија работи како успешен тренер, потекнува од Битола, од школата на Пелистер, а во својата богата Азиска кариера, има освое повеќе титули, даде осврт на важни момети во анализата на противникот и како да се подготвува екипата за следниот натпревар.
-Сакам јавно да му се зблагодрам на Марјан Секуловски за оваа соработка, за неговото предавање и советување на нашите тренери во Топ гол. Тој ја прифати нашата покана и како вистинкси професионалец, а неговите совети и насоки ќе пробаме да ги примениме во нашата пракса. Битола има успешни фудбалски тренери и во иднина планираме и други вакви работилници, изјави Кире Грбевски од Топ Гол.






