Press "Enter" to skip to content

Новозаболениот пациент од ковид-19 од Битола има 76 години, оздравени 6 битолчани

Денес во Битола, според информации на Министерството за здравство, објавени на нивната “фесј бук“ стреница, има едно нвозаболено лице од Битола, кое е на воздраст  76 години и не давло податок за контакт со друго позитивно лице. Бројот на оздравени лица од ковид-19, во Битола, во последните 24 часа е шест лица.

Во последните 24 часа се направени 2.065 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19. Починати се 5 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 297 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 142.158 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.914, бројката на оздравени пациенти е 10.507, на починати е 578, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.829.