Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и потопло со мала до умерена локална облачност

Денес, четврток, 27 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето во Битола, ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата до 31°С.

Утре, петок, 28 август, времето во Битола, ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. УВ=8. Температурата до 32°С.