Пријавувањето на кандидатите на Универзитетот “Св. Клиент Охридски“ во Битола освен денеска, 27 август, ќе се реализира на 31.08 и 01.09.2020, по што запишување на кандидатите ќе се врши на 10 и 11.09.2020 година.
Според Конкурсот за упис на нови студенти на УКЛО, во академската 2020/21 година, на 11 високообразовни институции во Битола и другите градови, слободни се 2697 места https://uklo.edu.mk/news/view/1407.
Инаку, Универзитетот од Битола презеде соодветни ктивности за успешна реализација на Конкурсот со целосно и доследно почитување на засилени безбедносните протоколи.
Имено, на сите единици и на официјалните веб-страници и социлајните медиуми објавени се насоки за постапување на единиците на Универзитетот “Св. Клиент Охридски“ во Битола за време на пријавувањето / запишувањето на кандидати по Конкурсот во прва година во академската 2020/2021 година.
Освен користење на заштитна опрема, на единиците на УКЛО организирани се и редарски служби за спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу кандидатите и поставени се ознаки за правецот на движење и задолжителната дистанца.
Универзитетот “Св. Клиент Охридски“ во Битола и за новата генерација бруцоши обезбедува поддршка во вид на стипендии и друг вид помош за студентите што покрај од УКЛО, се остваруваат благодарение на добрата соработка со триесетина реномирани компании.
Прв уписен рок
-пријавување на кандидатите 27.08, 31.08 и 01.09.2020
-објавување прелиминарна ранг-листа 07.09.2020
-објавување решение за прием на кандидатите 09.09.2020
-запишување на кандидатите 10 и 11.09.2020






