Денес ви Битола е забележан само еден нов случај на новозаболен пациент од ковид-19, но бележиме и 8 оздравени битолчани, објави министерството за здравство на нивната “фејс бук“ страница.
Во последните 24 часа се направени 1.529 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19.
Починати се 7 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 215 оздравени пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 143.687 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.004, бројката на оздравени пациенти е 10.722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.697.






