Press "Enter" to skip to content

ЈП за паркинзи: утре, петок, бесплатно паркирање во Битола

Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен превоз за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола ги известува граѓаните на Општина Битола, дека по повод претстојниот верски празник Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — на ден 28.08.2020 година
(петок) паркиралиштата со кои стопанисува ќе бидат бесплатни.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 29.08.2020 година (сабота) со вообичаено работно време.