На дел од жителите на Битола по се изгледа му пречат сите работи кои треба да ги има еден град, па така константно се уништува се она што е добро, добро организирано, добра заштитен знак на Битола…
По уништување на клупи на што сега и не реагираме, по корнење на цветни аражмани, кршење на кошеви, голови, огради на спортски терени, фрлање на ѓубре кој кај ќе стигне… по се изгледа му дојде редот и на фонтаната која се наоѓа во споменичниот комплекс “Филип Втори“ на плоштадот “Магнолија“.
Деновиве е забележано кршење на дел од металните делови на фонтаната кои веќе се видливи, а оштетени се и бакарните зраци на фонтаната во центарот на Битола.
Додека форографиравме дел од граѓаните, кои како рекоа секој ден се тука, ова се прави навечер кога нема големо движење, а според нив целта е да се откорнат бакарните зраци и да се продадат како стар бакар, а за де се стигне до бакарот, пропаднати се и другите делови.
Доколку не се пронајдат сторителите сигурно дел од фонтаната ќе за заврши на некој отпад за старо железо, велат битолчани кои секој ден поминуваат дел од денот тука на “Магнолија“ во Битола.






