Шкупи – Пелистер 1:0 (0:0)
Стадион “Чаир“ во Скопје. Играно без публика
Судија: Александар Ставрев.
Стрелци: Дарбо 85’
Ж. Картони: Билали (Ш) – Драгарски, Николовски, Талески, Илиески, Борха (П).
Шкупи: Наумовски, Глишиќ, Илјази ( Глигоров), Кривањева, Билали, Бианор, Адеми, Фреди Алварез, Гоудиаби (Јусуфи), Дарбо, Исени.
Пелистер: Талески, Илиевски, Драгарски, Илиески, Борха, Николовски, Фазлију, Бошковски, Спиркоски, Танушев, Маневски (Стојановски).
Екипата на Пелистер од Битола, не издржа на стадионот “Чаир“ и загуби против Шкупи со гол во финишот за пораз од 1-0 (0-0), во средбата од четвртото коло. Шкупи беше надмоќен на Чаир против Пелистер, но, сепак, долго се мачеше за да стигне до посакуваниот триумф. Шанси на домаќинот, промашен пенал и на крај гол на Дарбо, од отпадок во 87 мунута за бодовите да останат во Чаир.
Дарбо во шеснесетникот по корнерот од десната страна и од непосредна близина со удар со глава ја затресе мрежата на Давор Талески.
Во првио дел екипата на Шкупи во 42.минута не поведе откако Исени не успеа да реализира пенал.






