Press "Enter" to skip to content

Празни школските дворови и училници, ги нема првачињата, основците и средношколците

Денес, 1 септември, за прв пат во училиштата во Битола и во државата не започна новата школска година, поради пандемијата од ковод-19, или корона пандемијата.

Учениците денес ги нема во школските дворови во училиштата низ Битола, ги нема првачињата во училиштата каде секоја година ги пречекува пораката “добро ни дојдовте првачиња“, ги нема гушкањата кај основците и средношколците по летниот распуст…

Оваа година учебната година ќе почне на 1 октомври, а процесот на учење најверојатно ќе биде преку интернет и ќе биде концепт за сите, освен за учениците од прво до трето одделение, но секоја општина ќе носи и сопствена проценка за состојбата со коронавирусот.

Надлежните велат дека почетокот на новата учебна година бара измени и во законот за основно и средно образование во согласност со протоколите за модели на настава во пандемски услови кои мора да ги одобри Собранието, а потоа да се започне со наставата.