Времето ќе биде посвежо со засилен, повремено силен северен ветер кој на места ќе надминува брзина од 70 км/час.
Денес, петок, 4 септември, во Битола, времето ќе биде, сончево со мала локална облачност и посвежо. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер. Температурата во Битола до 26°С.
Утре, сабота, 5 септември, времето во Битола ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Температурата во Битола до 26°С.






