Денес во Битола, според информациите на министерството за здравство објавени на нивната официјална “фејсбук“ страница има еден новозаболен од ковид-19, а има и 5 оздравени лица.
Инаку, во последните 24 часа се направени 1.574 тестирања, од кои 59 во Центарот за јавно здравство во Битола, а регистрирани се вкупно 127 нови случаи на ковид-19.
Починати се 5 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент од кои 5 во Битола.
Заклучно со денес, сабота, 5 август, во Битола има вкупно 222 заразени со ковид-19, од кои активни се 39 случаи.
Во болницата во Битола на инфективното одделение се се хоспитализирани 12 лица.
Досега во земјата се направени вкупно 156.522 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.998, бројката на оздравени пациенти е 12.149, на починати е 614, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.235.






