Во следните денови ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра и со повремена умерена облачност, а дневната температура до средината на неделата ќе биде во пораст, а потоа нема многу да се менува.
Денес, 6 септември, недела, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и потопло преку денот со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата до 29°С.
Утре, понеделник, 7 септември, времето во Битола ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата до 30°С.






