-Еден настана пред 10 години кој се случи во Битола предизвика големо внимание и затоа се најде во мојот новинарски бележник, од тој период, односно од почетокот на септември во 2010 година, а тоа беше заложничка драма, за која некој рече, дека се случи како на филм, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарсто.
-Настанот запона да се случуваше попладнето во “Гроздот“ во центарот на Битола, а се прошири вест дека син со часови ги држел родителите во заложништво, заканувајќи се дека ќе ги убие и дека ќе го запали станот, а со тоа и зградата за што полицијата добила пријава, дека претходно се слушнале пет истрели од огнено оружје. Станувало збор за истрели што се слушнале од стан на првиот кат, но што се случувало во семејниот дом и дали има жртви не се знаело, се сеќава Миновски и додава:
-Потоа специјални единици од Скопје со два полициски џипа пристигнаа во Битола по што започна акцијата за влегување во станот.
Соседите биле вознемирени и уплашени, раскажуваа дека во станот од каде што се слушнале истрелите живеле татко, мајка и син кои имале семејна расправија по што се слушнале силни врисоци, тропање, а кога пристигнала полицијата од станот се слушнале пет истрели. Соседите рекоа дека повеќе од десет години се жртви на малтретирањето од нивните соседи.
-Силно полициско обезбедување, специјалци како помош, пожарникари, лекари на Брза помош вчера со часови беа на “готовс“ откако полицијата била информирана за истрелите што се слушнале од станот. Полицијата ја затвори улицата “Никола Тесла“ во Битола и постојано се обидуваше да ги оттргне насобраните граѓани од зградата, од која станарите во паника и вознемирени ги напуштаа своите домови, вели Миновски, кој вели дека драмата и имала среќен крај:
-Битолската полиција ноќта ги ослободи од заложништво таткото и мајката, кои речиси цел ден беа затворени од својот син, кој подоцна на полицијата и се предал и кому му е пружена соодветна медицинска помош. За среќа во заложничката драма никој не беше повреден.
Сообраќајот во центарот на Битола, кој во текот на денот беше запрен, потоа беше нормализиран, Миновски вели дека ова единствен ваков случај во Битола.

Деновиве пред 10 години: заложничка драма, како на филм во Битола, во станбениот блок “Грозд“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола одбележан 9. мај Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот
- Еурофарм Пелистер и официјално ја предаде титулата, висок пораз од Вардар
- ЈКП “Вододов“ Битола: прекин на водоснабдување на дел од “Лавчански пат“
- Во Битола облачно со повремен дожд, температурата до 18 степени
- Вечерва во Битола отворен првиот градски фестивал посветен на виното (фотогалерија)





