Денес, во Битола, според информации на министерството за здравство објавени на нивната официјална фејс бук страна, има тројца новозаболени, а нема оздравени пациенти.
Со овие три новозаболени бројот на активни случаи е 42.
Во последните 24 часа се направени 997 тестирања, а регистрирани се 92 нови случаи на ковид-19
Починати се 3 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациент.
Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.090, бројката на оздравени пациенти е 12.235, на починати е 617, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.238.






