Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со мала до умерена облачност

Денес, вторник, 8 септември, времето во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата во Битола до 29°С.

Утре, среда 9 септември, времето во Битола ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Температурата во Битола до 30°С.